Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

10/23/2024 | Press release | Distributed by Public on 10/23/2024 12:21

Учество на заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, на НАТО симпозиумот за партнерство на 22-24 октомври 2024 година, Сараево

На 23 октомври 2024 година, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски учествуваше на НАТО симпозиумот за партнерство, кој оваа година се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.

Заменик министерот Димитровски учествуваше на главниот панел на Симпозиумот насловен "Западен Балкан - регион кој ја покажува приспособливоста на НАТО партнерството и успехот во интеграцијата". Панелот го водеше заменик министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Јосип Бркиќ", на кој учествуваа и Министрите за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Помошник министер во МНР на Република Србија, државен секретар во МНР на Црна Гора и официјални лица на Алијансата.

Во својот настап, заменик министерот Димитровски се осврна на прогресот на Западен Балкан во изминатите две декади, но и на предизвиците со кои се соочуваат земјите од регионот во контекст на справување со современите безбедносни предизвици. Димитровски ја нагласив потребата од натамошна НАТО интеграција на регионот на Западен Балкан, како и брзо членство во Европската Унија, што станува се повеќе и безбедносно прашање за Европа.

Димитровски исто така нагласи дека нашата земја, како членка на НАТО, останува силно посветена во својот придонес за зачувување на безбедноста и стабилноста во регионот и пошироко, дополнувајќи дека нашето членство во НАТО е гаранција за безбедноста и унитарноста на Република Северна Македонија и ги релаксира и меѓуетничките односи во државата.

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски за време на престојот во Сараево оствари и билатерална средба со својот колега од Босна и Херцеговина, Јосип Бркиќ, со државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Црна Гора, Периша Кастратовиќ, како и со шефот на Политичката канцеларија на НАТО во Сараево, Владимир Вучиниќ.