11/20/2024 | Press release | Distributed by Public on 11/20/2024 10:12
Денеска, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Зоран Димитровски ги прими копиите од акредитивните писма од новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Перу за Република Северна Македонија, со седиште во Букурешт, г. Феликс Рикардо Америко Антонио Денегри Боза.
Заменик министерот Димитровски на новоименуваниот амбасадорот, му посака успех во вршењето на неговата одговорна функција, изразувајќи очекување дека успешната соработка и позитивниот развоен тренд во билатералните односи помеѓу двете пријателски држави ќе продолжат да се развиваат и во иднина.
Соговорниците разговараа и за можностите за продлабочување на економските односи, соработката во културата, образованието, како и за можностите за унапредување на соработката и во други области од взаемен интерес.