Results

Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

11/20/2024 | Press release | Distributed by Public on 11/20/2024 10:12

ЗМНР Зоран Димитровски ги прими копиите од акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Сан Марино во нашата земја со седиште во Рим Н.Е. Кјара Кордоња

Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски ги прими копиите од акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Сан Марино во нашата земја со седиште во Рим Н.Е. Кјара Кордоња.

Заменик министерот Димитровски потенцираше дека изминаа пет години од чинот на воспоставување дипломатски односи меѓу нашите две земји, отворајќи нови можности за билатералната соработка во сферите од заеднички интерес, уверувајќи дека во периодот што претстои двете држави ќе работат интензивно на унапредување на соработката, поткрепена со пријателство, меѓусебна поддршка и споделување на европските вредности.

Посакувајќи ѝ успешна мисија на првата амбасадорка акредетирана за нашата земја, заменик министерот Димитровски изрази уверување дека со своето дипломатско искуство и личен ангажман ќе даде значаен придонес во продлабочувањето на односите и доближувањето на двете земји.

Нагласувајќи дека Сан Марино ќе продолжи да ја поддржува нашата држава на евро-интегративниот пат, Амбасадорката искажа подготвеност да го продолжи градењето меѓусебни блиски релации преку континуирано зајакнување на соработката во сите сфери од заеднички интерес.

Соговорниците разменија мислења за перспективите на процесот на проширување на Европската унија, регионалната соработка како значајна алатка во напредокот на интегративните процеси, како и следните чекори и ангажмани од наша страна во насока на поголема мултисекторска соработка помеѓу двете држави.