Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

10/02/2024 | Press release | Distributed by Public on 10/02/2024 06:36

Средба на државниот секретар Елена Кузмановска со амбасадорот на Турција, Фатих Улусој

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Кузмановска денес оствари средба со амбасадорот на Турција, Н.Е. Фатих Улусој.

На средбата беа потврдени традиционално добрите билатерални односи меѓу двете држави и соговорниците изразија подготвеност за натамошно интензивирање на соработката, особено во делот на инвестициите и надворешно-трговската и соработка.

Соговорниците се осврнаа и на неодамнешната успешна посета на Министерот за надворешни работи на Турција, Н.Е. Хакан Фидан, како и за плановите за размена на билатерални посети на високо ниво во блиска иднина и развојот на стратешката соработка меѓу двете земји.