Ministry of Foreign Affairs of the Republic of Macedonia

10/12/2024 | Press release | Distributed by Public on 10/12/2024 02:25

Државниот секретар Кузмановска со обрати на 2-от Форум за културна дипломатија во Охрид

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Кузмановска, вчера, 11 октомври 2024 година, во Охрид учествуваше на 2-от Форум за културна дипломатија во ко-организација на Кабинетот на поранешниот претседател, Ѓорѓе Иванов и Институтот за културна дипломатија од Берлин.

На Форумот, Кузмановска се обрати на панелот под наслов: "Одржлив развој, безбедносна и економска дипломатија во олеснувањето на глобалното владеење. За време на панел дискусијата ја потенцираше значајноста на одржливиот развој кој претставува неопходност за нашиот колективен опстанок. Се осврна на посветеноста на Република Северна Македонија во создавањето на добредојдена средина за странски инвестиции, промовирање на одржливи практики и потребата од обезбедување на развојни планови засновани на еднаквост и инклузивност. Република Северна Македонија како земја членка на ОН е посветена на одржување на меѓународниот мир и безбедност, што претставува и примарна цел на ОН.

Во текот на одржувањето на Форумот, државниот секретар, Кузмановска оствари билатерална средба со Потсекретарот на Обединетите нации и Висок претставник на Алијансата на цивилизациите, Мигуел Ангел Моратинос.

​Состанокот беше фокусиран на зајакнување на соработката за промовирање на меѓукултурниот дијалог, подобрување на меѓусебното разбирање и решавање на глобалните предизвици поврзани со спречување конфликти и социјална кохезија.​

На средбата соговорниците ја потврдија посветеноста за заедничко унапредување на целите на Алијансата на цивилизациии и разговараа за неколку иницијативи, вклучувајќи претстојни настани, заеднички програми за градење капацитети и стратегии за борба против говорот на омраза и промовирање инклузивни наративи.

​Се согласија да ја продолжат својата блиска соработка со фокус на поддршка на одржливиот мир, промовирање на инклузивни општества и придонес во спроведувањето на Целите за одржлив развој на Обединетите нации (SDGs).